Најмалку пет лица загинаа во пожар што избувна во студентски дом во рускиот град Балашиха, во московската област, соопштија за Интерфакс службите за итни случаи.
🔥 A fire broke out in a hostel in Balashikha near Moscow, resulting in the deaths of at least five people. pic.twitter.com/lE7X5Ea2Df
— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) June 28, 2024
„Пожарот избувнал на улицата Керамичка, според првичните податоци пет лица загинале“, изјавил изворот на агенцијата.
Има тешко повредени лица, а лекарите се обидуваат да ги реанимираат на лице место. Десет лица се евакуирани, пренесува ТАСС.