Звучи речиси неверојатно, но тоа е вистина. Турската репрезентација на последниот натпревар од евро групната фаза против Чешка (2:1) во Хамбург наместо со автобус или воз, отпатува со авион, иако растојанието е само 150 километри.
Поради ова тие се најдоа на удар на еколошките активисти, кои сметаат дека тоа е сосема бесмислено.
„Ова е сосема бесмислено и непотребно“, рече Вернер Рех од Германската федерација за заштита на животната средина и природата (БУНД).
Рех објасни дека емисијата на јаглерод диоксид и загадувањето на воздухот е 10-20 пати поголема отколку ако Турците го користеле возот.
Сепак, од УЕФА стигна објаснување зошто турската експедиција користела авион за краткото патување.
Причината за ова, според шефот на турнирот, Мартин Кален, е „поради безбедносни и временски причини“, а Турците со автобус се вратиле во својата база во Хановер, пренесува Krone.at.
За потсетување, Турција во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против Австрија.