Баронеса Д’Соуза: Парламентите се клучни за благосостојбата на народот

Од:

Историјата покажа дека парламентите, особено парламентите кои многу работат се клучни за благосостојбата на народот. Без форуми за дебата, без процес на легитимизирање на законите, без владата да се оправда за своите јавни политики во јавноста постои опасност дека граѓанското општество ќе биде ограничено, правата и слободите ќе бидат поневажни, а независноста на системот за правда и владеењето на правото ќе бидат компромисни. Пратениците без разлика како биле избрани имаат привилегија, меѓутоа и одговорност.

Ова го порача денеска баронесата Д’Соуза, спикер на Горниот дом на Парламентот на Велика Британија и Северна Ирска, која се обрати пред македонското Собрание. Во својот говор, кој главно беше посветен на работата на парламентите, таа истакна дека парламентот е сржта на секое модерно општество, институција која ја работи тешката, меѓутоа на моменти и негламурозна работа која што е неопходно да му овомозможи на модерното демократско општество да функционира преку надзор и оценување на владата и нејзините активности.

– Безбедносната улога на Парламентот дава особено важна проверка на извршната власт во насока на осигурување на високи стандарди во процесот на изготвување на политики. Како дополнителна обврска што ја имаме е да ја држиме владата одговорна, оттука да бидеме сигурна институција е претставена и на ефикасен начин, меѓутоа во исто време и испочитувана, рече баронесата.

Знам, посочи таа, дека во Македонија се соочувате со многу прашања околу тоа како Парламентот треба да функционира, какви процедури треба да постојат и каква точно балансирана моќ треба да има меѓу извршната власт.

– Нема сомнеж дека настаните од 24 декември 2012 година кои ги покренаа овие прашања ќе продолжат да влијаат на тоа како вашиот Парламент ќе работи во наредните години. Во Домот на лордови навикнавме дека ваквите настани коишто се случуваа во минатото имаат директно влијание врз нашата работа денес, предупреди таа.

Д’Соуза истакна дека Македонија се соочува со многу предизвици – парламентарни реформи, преговори за пристапување во ЕУ и можното постигнување на членството во НАТО, но силно е посветена на парламентарната работа и јас сум уверена дека сите овие предизвици ќе бидат исполнети и надминати.

– Иако мојата улога како лорд-спикер бара од мене да стојам настрана од партиските политики, можам да забележам дека Обединетото Кралство навистина долго време беше поддржувач на македонските амбиции да се приклучи на НАТО и на ЕУ, поддршка која беше конзистентна од страна на владите коишто беа формирани од различни политички партии, рече таа.  Оттука, додаде, лордот на Велика Британија и неговата Комисијата за европски прашања неодамна објави извештај за политиката на Обединетото Кралство за проширување на ЕУ со што силно го поддржа членството на земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ. Ја нагласи и улогата на Македонија во ИСАФ која што високо се цени, а таа неодмна се сретнала со претставници на македонските воени сили и да види што прават тие на теренот.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага