Роднините на две лица кои загинаа во железничка несреќа во Русија ќе добијат осигурување од 20.000 евра и исто толку од Руски железници.
Лицата кои се хоспитализирани ќе добијат по 10.000 евра, а останатите повредени 5.000, објави денеска Риа новости.
Вчера девет вагони на патнички воз излетаа од шините во автономната република Коми.