Уште важат за први фаворити на ЕП, а во осум натпревари имаат само две победи

Од:

Групната фаза на Европското првенство е при крај, а англиската фудбалска репрезентација се уште важи за прв фаворит на натпреварувањето и покрај неубедливите настапи за време на групната фаза.

Англичаните успеаја да го заземат првото место во групата, но само благодарение на лошите игри на останатите ривали во групата. Само една победа и тоа против Србија е премалку за скапата селекција на ѕвезди и најскапата репрезентација која пристигна на ЕП.

Сепак, во сите светски обложувалници Англија и понатаму е прв фаворит на ЕП. Причина за тоа е нешто полесната десна страна на ждрепката, бидејќи Англичаните имаат отворен пат до финалето.

На едната страна се силите како Германија, Шпанија, Франција и Португалија, додека Англија е сама со Италија на десната страна на ждрепката од фаворитите.

Сепак, ако се погледнат натпреварите на Англија, ќе се види дека оваа селекција успеала да оствари само две победи на последните осум натпревари.

Интересно, Англија во тие осум натпревари успеа да ги победи само Босна и Херцеговина и Србија. Босна и Херцеговина во пријателски натпревар пред ЕП и Србија на отворањето на натпреварувањето во Германија, благодарение на што се пласираа во нокаут фазата.

Во тие осум натпревари, Англичаните беа поразени од Исланд и Бразил, ремизираа со Северна Македонија, Белгија, Данска и Словенија, а ги совладаа само Босна и Херцеговина и Србија. Недоволно за да се биде фаворит, но наскоро ќе се дознае колку била исправна ваквата оценка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Роналдо промаши пенал, па пушти солзи

Предраг Петровиќ

Франција со гол на крајот од дербито ја совлада Белгија и се пласираше во четвртфиналето на европското првенство

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Шегата“ на Белингем може скапо да го чини

Англија-Словачка 2:1, Англичаните се пласираа во четвртфиналето по продолженијата

ВИДЕО: Удар на гром го прекина мечот меѓу Германија и Данска

Голем пораз на актуелниот шампион на Европа: Швајцарија – Италија 2:0