ВИДЕО: Потресна снимка од Селин Дион – одлучи да ја остави за новиот документарец

Од:

Новиот документарец за битката на Селин Дион со опасна болест прикажува болна, срцепарателна сцена во која славната пејачка добива напад.

Оваа битка на музичката суперѕвезда со болеста ќе биде прикажана во документарниот филм на Amazon Prime, I Am: Céline Dion.

На новата снимка се прикажани моментите на најголемата здравствена криза. Пејачката беспомошно гледа како лекарите нежно ја ставаат во удобна положба и ги проверуваат нејзините витални органи.

Откако ѝ укажаа помош, пејачката конечно можеше да седне исправено и да се покрие со ќебе пред да признае пред камерите дека и било непријатно поради тоа што ја изгубила контролата над своето тело, пренесува Дејли Мејл.

„Секогаш кога ќе се случи нешто вакво, се чувствувате толку засрамено и така, не знам како да го кажам тоа… знаете, кога не можете да го контролирате сопственото тело“, рече таа.

Емотивната Дион се „распадна“ пред камерата, признавајќи дека не се откажала од продолжувањето на кариерата, доколку тоа е можно во некој момент во иднина.

„Сè уште можам да се видам себеси како танцувам и пеам. Секогаш наоѓам план Б и план Ц, знаете. Тоа сум јас. Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам Но, нема да престанам“, рече таа.

Режисерката Ајрин Тејлор изјави за новинската агенција PA дека расправала дали да ја снима Дион кога ненадејно почнал нападот, но одлучила да продолжи бидејќи пејачката, позната по својот моќен глас, и рекла дека „не мора да бара дозвола за снимање и може да снима било што “.

„Во првите 30 секунди не бев фокусирана на снимањето, јас бев звучната личност, а мојот снимател беше таму. Имаше неколку луѓе во собата, сите беа обучени да и помогнат, таа беше во најдобри раце. Ако требаше, ќе го фрлаев микрофонот и ќе им помогнев, но решив да снимам“, рече режисерката.

Таа исто така истакна дека Дион одлучно кажала дека сака да се задржи снимката.

Тејлор додаде дека по ужасната епизода, Дион отпеала прекрасна песна и си заминала во многу добро расположение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се врати..и повторно блесна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Селин Дион минува низ пекол: „Поради болеста ми се скршија ребрата“

Селин Дион ги шокираше фановите со нејзиниот изглед и нејзиното ново 16 години помладо момче

Наум Локоски

Алиша Кис и Селин Дион ќе пеат за Арета Френклин

Наум Локоски