Бесија Иљази храбро се соочи со антиалбанскиот менталитет – Аријанит Хоџа по разрешувањето на директорката на Токсикологија

Од:

Смената на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази предизвика реакција на лидерот на Европска демократска партија, Аријанит Хоџа кој го обвини ВРЕДИ за вазалска поитика и му забележа на министерот Таравари дека отказното решение на Иљази и го испратил „само“ на македонски јазик.

-Од сите директори што ги разреши министерот за здравство, Арбен Таравари, медиумите на македонски јазик најмногу вревеа за разрешувањето на Бесија Илази. Знаете ли зошто!? Затоа што таа ги продолжи договорите за работа на 18 вработени Албанци и дека овие што денеска ќе ја водат оваа институција се избориле да не им продолжат договорите“, пишува Хоџа во неговиот статус на социјалните мрежи.

„Исто така, Бесија беше нападната дека не го владее македонскиот јазик на високо ниво и тоа што институцијата ја водеше со перфектен албански јазик и изгледа ги оглуви оние кои денеска се назначени со потпис на министрите-вазали“, додава Хоџа.

Истакнува дека е „горд што кадар како Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите.

„Горд сум што кадар како Бесија Илази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите и што стана причина да се покаже вистинското лице на вазалскиот пристап на коалицијата ВЛЕН во владеењето на ВМРО.

П.С.
Ниту отказното решение не е испратено на албански јазик затоа што итната состојба на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја спроведат нејзините вазали“, дополнува Хоџа во напишаното.

Вчера новиот министер за здравство Арбен Таравари потврди дека Бесија Иљази е меѓу деветтемина разрешени економски директори.

Би можело да ве интересира

Склучувала договори па ретрокативно ислаќала хонорари, пари давала и на луѓе што воопшто не работеле, обвинение за Бесија Иљази

Чибишев: Четворицата малолетници се стабилни, утре ќе се одлучува дали ќе бидат пуштени од Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Антидепресиви и алкохол – коктелот кој скопјанецот им го дал на четирите деца во неговиот дом

A1on

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Кривична пријава за Бесија Иљази, екс-директорката на Токсикологија незаконси вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Чибишев: На Токсикологија веќе нема да има „каубојски„ вработувања, клиниката е во финасиски и организациски колапс

Катерина Ѓуровски