Европската Унија денеска ја одржа првата меѓувладина конференција на министерско ниво за отворање на пристапните преговори со Украина.
Министерот за надворешни и европски работи на Белгија Аџа Лабиб, кој ја предводеше делегацијата на ЕУ, истакна дека ова е „историски ден за Украина и ЕУ“.
„Патувањето до оваа точка беше предизвикувачко и решеноста на Украина да ги преземе неопходните реформи е навистина импресивна“, рече таа.
Таа додаде дека пристапните преговори ќе бидат „ригорозни и напорни“.
„Со решителност и посветеност, ние сме убедени дека Украина може да ги доведе до успешна завршница. Иднината на Украина и нејзините граѓани лежи во Европската унија“, рече Лабиб.
Како што се наведува во соопштението на Советот, ЕУ ја повтори својата цврста осуда на руската војна во Украина и рече дека е подготвена да продолжи да ги поддржува Украина и нејзиниот народ во војната „се додека трае и додека е потребно“.