Репрезентацијата на Хрватска ремизираше со Италија 1:1 во последното коло од групата Б на Европското првенство.
Така Хрватска со два освоени бода завршува на третото место во групата и има само во теоретска надеж за пласман во осминафиналето.
Хрватска водеше од 55. минута со голот на Лука Модриќ, но во осмата минута од судиското надополнување, односно во последниот напад на натпреварот, Матија Закањи ги шокираше избраниците на Златко Далиќ и погоди за Италија да помине.