Д’Соуза: Традиционално добри односи и поддршка за НАТО и ЕУ

Од:

Обединетото Кралство и Република Македонија имаат навистина силни пријателски врски. Ние секогаш го поддржуваме членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и правиме се што е можно тоа да се оствари, изјави баронесата Д’Соуза, спикер на Горниот дом на британскиот Парламент, по средбата со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

– Сите знаеме дека ова е долг демократски процес, но размената на искуства меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство може секако да придонесе во тоа, рече Д’Споуза.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека нивната средба е придонес кон унапредување на односите на двете држави кои традиционално се добри и целат кон континуиран развој.

– Денешната средба е само уште една потврда за пријателските и партнерски односи што Република Македонија ги гради со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и уште една потврда за подготвеноста на двете страни за интензивирање на односите и соработката во сите сфери од заемен интерес, изјави претседателот на македонскиот Парламент.

Значајно, како што рече, е да се потенцира дека од воспоставувањето на дипломатските односи во декември 1993 година Обединетото Кралство во континуитет го поддржува интегративниот процес на Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО и во билатералната комуникација го користи нашето уставно име.

Потсети на проектите кои Обединетото Кралство ги поддржува преку амбасадата во Скопје и Вестминстер фондацијата со која Собранието има долгогодишна соработка. Тоа придонесе за унапредување на професионалните квалификации и градење на капацитетот на Собранието на Република Македонија.

– Раменивме мислење и за парламентарната соработка и за нејзино интензивирање на ниво на групи за соработка и на работни тела, како и за унпаредување на економските односи и бизнис можности и други прашања од значење на граѓаните на двете држави, изјави Вељаноски.

Баронесата Д’Соуза е во прва официјална посета на Македонија, токму кога се одбележува дваесетгодишнината од формалното воспоставување на односи помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Tаа денеска се обрати пред пратениците во македонското Собрание, а имаше средба и со претседателот на пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Ермира Мехмети и со нејзините членови.

Претходно положи венец свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија наспроти Собранието.

За време на официјалната посета баранесата Д’Соуза во Владата ќе се сртене со вицепремиерите Владимир Пешевски и Фатмир Бесими и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ќе разговара и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество. Баронесата Д’Соуза ќе го посети и Тетово, каде што нејзина домаќинка ќе биде градоначалничката на овој град Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата