Муцунски: Силно сме посветени на реформската агенда и европските интеграции

Од:

Новата влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции и во периодот што следи ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Муцунски на Фејсбук објави дека на средбата со Вархеји нагласил и дека политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина.

– На средбата разменивме мислења и за Планот за раст на ЕУ, оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство, наведува Муцунски, кој денеска во Луксембург учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западен Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК).

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија утре ќе престојува во Брисел каде што ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа ќе има и средби со високи претставници на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Да ги убедиме стратешките партнери дека ние сакаме што побргу да се отворат пристапните преговори

Горан Наумовски

Муцунски: Неопходен е ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност

Муцунски: Нашата посветеност како кредибилна членка на НАТО ќе продолжи

Горан Наумовски

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Муцунски: Процесот на интеграција на нашата земја кон полноправно членство колку е од наш интерес, е еднакво од интерес и за сите наши соседи