Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ денеска изјави дека „орлите“ ги очекува голем натпревар и дека селекцијата ќе се обиде се за да победи на утрешниот натпревар против Данска на Европското првенство во Германија.
Репрезентацијата на Србија утре од 21 часот во Минхен ќе игра против Данска во третото коло од групата Ц. По две кола Србија има еден бод, доколку ја победи Данска ќе се пласира во осминафиналето на ЕП.
Стојковиќ се уште не одлучил дали ќе игра со еден или двајца напаѓачи како што беше во првите две кола.