Спортскиот новинар Рубен Ван Гухт се најде во необична ситуација.
Моментално е во Келн каде известува за Европското фудбалско првенство.
Рубен, всушност, се јави од својата хотелска соба во емисијата Radio 2 Weekwatchers, а гледачите забележаа женски нозе на креветот зад него. Кога сфати дека се гледаат нозете, новинарот се обиде да ги сокрие доближувајќи шолја кафе до камерата, но безуспешно.
Ruben Van Gucht krijgt wel heel speciale ondersteuning van de VRT dit EK. pic.twitter.com/PIadByE1JV
— JVL (@J_VLbe) June 22, 2024
Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а белгиски ХЛН пишува дека Рубен не сакал да ја коментира ситуацијата.
По споменатата ситуација, Рубен ја сподели приказната на Инстаграм од еден културен центар каде се гледа неговото интервју, а нозете ги покри со емотикон од срце.
Рубен е сопруг на Бланка Влашиќ, поранешна хрватска спортистка. Тие се венчаа во 2022 година и имаат дете.