Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Од:

Толпа во Пакистан извлече турист обвинет за богохулење од полициска станица и го уби. Толпата се собра пред полициската станица во градот Мадијан, откако вчера еден маж беше обвинет за сквернавење на Куранот. Полицијата се обидела да го заштити туристот, но безуспешно.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како толпата парадира низ улиците со телото на мажот и потоа го пали. Полицијата потврди дека локалното население го запалило туристот и дека во инцидентот се повредени 11 лица, меѓу кои 8 полицајци.

Регионалниот началник на полицијата во Маланканда, Мохамад Али Гандапур, обвини локална џамија за поттикнување на насилството, откако полицијата прво спасила маж кој наводно ја посетил долината Сват – популарна летна дестинација.

Полицаец од регионот Сват изјави за Би-Би-Си дека полицијата вчера вечерта се обидела да ги расчисти блокираните патишта и да ги растера гневните толпи. Властите отворија постапка против стотици луѓе вклучени во инцидентот, од кои некои се на возраст од 13 години. Хотелите во градот биле преполни пред инцидентот, но сега туристите се обидуваат да ја напуштат областа.

Линчувањето поради богохулење не е невообичаено во Пакистан. Минатиот месец, еден христијанин беше нападнат откако беше обвинет за палење на Куранот. Тој починал набргу по нападот. Во 1980-тите, богохулењето беше прогласено за кривично дело казниво со смрт во Пакистан.

Гневот на локалното население може да биде поттикнат и од неосновани обвинувања. Организациите за човекови права известуваат дека припадниците на малцинствата често се обвинети за богохулење. Околу 96% од населението на Пакистан се муслимани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан