Сараевската полиција ги соопшти деталите од синоќешната престрелка во Башчаршија. Како што потврди портпаролката на полиција Мерсиха Новалиќ, едно лице се здобило со тешки повреди.
Синоќа, во 23 часот и 30 минути, полициски службеници од Полициското одделение Стар Град го привеле лицето Т.Ш. (32) од Сараево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност и тешка телесна повреда, ранувајќи го К.Х. (29) од Сараево.
-Околу 23 часот и 15 минути на улица Табаци пријавениот употребил огнено оружје кон К.Х., кој се здобил со тешка повреда во пределот на левата нога па е задржан во КЦУС на понатамошно лекување – изјави Новалиќ за Кликс.
По наредба на обвинителот, спроведена е истрага, а на осомничениот му е одреден притвор, јавува Српскаинфо.