Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во Пјонгјанг го потпишаа Сеопфатниот договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.
„Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денеска, меѓу другото, предвидува взаемна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор“, рече Путин.
Путин го привлече вниманието на изјавите на Соединетите Држави и другите земји од НАТО кои се согласија да и дозволат на Украина да напаѓа цели во Русија со оружје што го испорачува Западот.
„Ова не се само изјави, тие веќе се случуваат и сето тоа е грубо кршење на ограничувањата што западните земји ги презедоа како дел од различни меѓународни обврски“, рече Путин.
Путин и Ким го потпишаа документот на крајот од разговорите меѓу делегациите на двете земји со учество на двајцата претседатели, пренесе РИА Новости.
Рускиот лидер го нарече претходно подготвениот документ фундаментален и истакна дека тој ќе ја претставува основата на односите меѓу Русија и Северна Кореја многу години.