„Мајмунски крици“ кон англиските навивачи: УЕФА покрена постапка против Србија

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради однесувањето на навивачите на неодамнешниот натпревар против Англија во првото коло на Европското првенство во Германија.

Имено, англиските медиуми пишуваат дека УЕФА покренала истрага против „орлите“ откако биле пријавени мајмунски крици насочени кон англиските играчи.

УЕФА назначи инспектор кој ќе води дисциплинска постапка во врска со наводното дискриминаторско однесување пријавено од сведок на трибините во текот на првото полувреме од натпреварот.

Освен оваа истрага, УЕФА го обвини Фудбалскиот сојуз на Србија за уште два прекршоци – фрлање предмети и пренесување на провокативна порака несоодветна за спортски настан.

Последното обвинение се однесува на истакнување на знаме поврзано со паравоено движење вклучено во етничко чистење за време на војните во поранешна Југославија.

„Етичкиот и дисциплинскиот инспекторат на УЕФА ќе спроведе дисциплинска истрага за наводното дискриминаторско однесување“, изјави портпаролот на УЕФА.

Инаку, инцидентот се случил пред околу 50.000 гледачи, меѓу кои имало и околу 8.000 српски навивачи.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски