Четвртиот ден од ЕУРО донесе изненадување во групата Е. Иако Украина беше донекаде фаворит, сепак изгуби со 3:0 од Романија.
Натпреварот може да биде решавачки за двете селекции во борбата за осминафиналето бидејќи се во група со Белгија.
И двете се репрезентации кои ретко победуваат на завршните турнири на европските првенства.
Во своите 16 натпревари на ЕУРО турнирите, Романија оствари само една победа и десет порази.
Од друга страна, Украинците загубија осум од 11 натпревари, но на последното ЕП забележаа два триумфа и се пласираа во четврт-финалето.