Фудбалскиот сојуз на Косово поднесе жалба до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поради, како што се наведува, „политички, шовинистички и расистички пораки против Косово“ од страна на српските навивачи на ЕП.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Фудбалскиот сојуз на Косово ја информира јавноста дека официјално и одговори на УЕФА поради истакнување знамиња, слогани и извици од страна на српските навивачи со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово за време на натпреварот меѓу Србија и Англија, во рамките на ЕУРО 2024.
Континуираното прикажување на вакви пораки и извици на величенствен настан како ЕУРО 2024 е неразумно и апсурдно. Ваквите извици ја докажуваат омразата што се шири во јавното мислење во Србија кон соседите.
ФФК во жалбата што ја достави со потребните докази до УЕФА бара строги дисциплински мерки против Фудбалскиот сојуз на Србија, како повратник во вакви случаи.
The Football Federation of Kosovo has officially complained to UEFA about Serbian fans displaying political, chauvinistic, and racist messages against Kosovo during the Serbia-England match at Euro 2024. #NoToHate #Euro2024 pic.twitter.com/Agl7ptA5Fl
— FFK (@FFK_KS) June 17, 2024
Воедно, бараме од организаторите да бидат внимателни за да се избегне истакнување на вакви транспаренти на идните натпревари, бидејќи тие претставуваат сериозно прекршување на правилата на УЕФА.
Криците против државата Косово на голем настан како што е ЕУРО 2024 се мотивација за националистичките групи и ја загрозуваат и онака кревката безбедност на регионот.
Фудбалскиот сојуз на Косово цврсто стои во одбраната на вредностите на фудбалот и промовирањето на она што го претставува УЕФА: единство, вклученост и страст за фудбалската игра, но во исто време решително го брани достоинството на земјата, создадена со многу труд и жртви.
Ја повикуваме УЕФА луѓето со однесување и филозофија на омраза кон народ и држава да немаат место на фудбалските арени.
Фудбалот и настаните како ЕУРО 2024 не смеат да се користат од шовинисти и расисти за промовирање на говор на омраза“.