Рената е поранешна мисица, а големо внимание привлече со објавата на Инстаграм и својот изглед.
Мајката на сплитскиот голман на Хајдук, Борна Буљан, поранешната мисица Рената Ловринчевиќ Буљан, предизвика големо внимание со објавата на социјалните мрежи за поддршка на хрватската репрезентација пред вчерашниот натпревар со Шпанија на ЕУРО 2024, кој до 14 јули се одржува во Германија.
Хрватските фудбалери загубија од шпанската репрезентација со резултат 3:0, а не им помогна големата поддршка што ја имаа од бројни јавни личности, меѓу кои и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
Рената се најде во центарот на вниманието поради својата жешка фигура, а на фотографијата позира во „коцкаст“ едноделен костим за капење, а само накратко напиша: „Хрватска“.
Мајката на голманот е поранешна мисица и моментално работи како фитнес инструкторка, а на Инстаграм има повеќе од 156.000 следбеници.
Често објавува провокативни фотографии, а ја нарекуваат и „секси мама“, што баш и не и се допаѓа затоа што, како што еднаш кажа, никој не гледа дека е вредна и напорно работи.