Српски и англиски навивачи се судрија пред вечерашниот дуел на двете репрезентации. Летаа шипки, столици и шишиња од двете страни.
16.06.2024 EURO 2024
Albanians🇦🇱 attacking Serbians🇷🇸 and some England🏴 fanshttps://t.co/fArHXsZSnE pic.twitter.com/S43qbxQ06D— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) June 16, 2024
И додека еден дел од странските медиуми пишуваат дека се работи за конфликт меѓу англиски и српски навивачи, други јавуваат дека биле вмешани и албански навивачи, иако за ова засега нема потврда.
I have arrived to Gelsenkirchen ❤️ pic.twitter.com/6eOQVAw0Ay
— Diego | It’s coming home 🏴 (@DiegoNUFC) June 16, 2024
Искршени се неколку излози и тераси од кафулиња пред германската полиција да интервенира и да ја смири ситуацијата.
Српската фудбалска репрезентација по 24 години игра на ЕУРО, а прв ривал во Германија ќе биде селекцијата на Англија од 21 часот во Гелзенкирхен.
Српската селекција последен пат на Европско првенство играше во далечната 2000 година, а по речиси две и пол децении, тимот на Пикси на Драган Стојковиќ првиот натпревар во групата Ц ќе го одигра против актуелните вицешампиони на Стариот континент од 2021 година.