Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени. Според првите информации, во судирот што се случил нешто по осум часот, едно возило изгубило контрола и „закачило“ автобус што минувал. Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците кои биле во автомобилот загинале на лице место.
Судирот бил особено насилен, а на местото на настанот излегла полиција, пожарникари и брза помош.