Со победата против Унгарија, Швајцарија направи голем исчекор кон осминафиналето на ЕП

Од:

Фудбалската репрезентација на Швајцарија ја совлада селекцијата на Унгарија со резултат 3:1 во 1.коло од групата А на Европското првенство во Германија и веќе направи важен чекор кон пласман во осминафиналето.

Швајцарците одиграа совршено прво полувреме во кое целосно доминираа и ги надиграа Унгарците, а два гола беа производ на таквата игра.

Во 13. минута Дуах постигна убав гол по одличната асистенција на Ебишер, а потоа расположениот Аебишер со фантастичен удар го матираше Гулачи и ја удвои предноста на Швајцарија во 45. минута за високи 2:0.

Во продолжение Унгарците одиграа многу подобро и беа поопасни, а голот на надежта го добија во 63. минута. Шобошлаи нафрли од левата страна, а Варга ја погоди мрежата на Зомер за 2:1.

До крајот Унгарија имаше повеќе од играта, но не можеше да израмни, а во судиското надополнување Емболо ги постави конечните 3:1.

Во нокаут фазата ќе се пласираат победниците и второпласираните од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски