Мистерија во Германија: Морничава сцена на игралиште, пронајден крвав фустан на девојче

Од:

Откривањето на фустан од девојче со траги од крв на игралиште во квартот Хесе во Селе (Долна Саксонија) е мистерија за полицијата веќе неколку дена. Во петокот, на 7 јуни, околу 11:50 часот, случајни минувачи пронашле фустан во грмушките на игралиштето „Ан дер Хасенбан“. Веднаш повикале полиција. Се уште не е откриено на кого му припаѓа, а сега бараат помош од жителите и бараат сведоци.

“Сакаме да го најдеме девојчето кое го носеше тој фустан. Форензичките истражувања покажаа дека најверојатно се работи за човечка крв. Можно е детето едноставно да паднало и да се повредило, но сакаме да ја исклучиме можноста за кривично дело”, објави полицијата во Селе (Долна Саксонија) пишува списанието Феникс.

Во моментов нема докази за кривично дело. Сепак, официјалните лица сакаат целосно да ја отфрлат таа можност. Затоа полицијата бара помош од граѓаните. Пронајдената облека е светло зелен женски фустан. Не се пронајдени други предмети од облека. Полицијата го објави и моделот на фустанот каков што бил пронајден на детското игралиште.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија