ВИДЕО: Бајден повторно се „изгуби“, залута во празно па им салутираше на Зеленски и Мелони

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување со мртвите и бројни други непријатни моменти.

Светските лидери моментално се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Бајден навидум се изгуби и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите за скок со падобран.

Мелони потоа го повлече за ракав и го врати кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги стави очилата за сонце.

Ова не беше единствениот инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа, на едно видео се гледа како американскиот претседател неспретно и салутира на Мелони пред па ја напушта бината.

Истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски