Започна да се гради првиот „Лидл“ маркет во Скопје

Од:

Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.

Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Северна Македонија.

Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.

Во Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово.  Логистичкиот центар ќе се простира на 63 000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема.

Логистичкиот центар велат од компанијата ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.

Минатиот месец Лидл организираше средби со 130 македонски компании и со тоа отвори можности за соработка.

Би можело да ве интересира

Кривичен определи мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Постапката четиригодишното дете да му се даде на таткото наместо на мајката мора да се повтори-одбраната укажува на нерегуларности

Предраг Петровиќ