(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј

Од:

Интервентната полиција во главниот град на Аргентина Буенос Аирес употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред зградата на Конгресот, откако пратениците во Сенатот на Аргентина првично ги одобрија реформите на претседателот Хавиер Мајли. Демонстрантите велат дека мерките ќе им наштетат на милиони Аргентинци бидејќи предвидуваат кратења на буџетот и социјалните бенефиции.

Локалните медиуми објавија за бројни повреди, а сцените ги опишаа како „бојно поле“. На солзавецот и водените топови на полицијата демонстрантите одговорија со фрлање камења и запаливи средства, при што беа запалени неколку автомобили. Пакетот реформи, предложен од десничарскиот претседател Хавиер Милеи за заживување на болната економија во земјата, вклучува прогласување вонредна состојба, кратење на пензиите и либерализација на пазарот на труд, што според многумина е најава за ерозијата на работничките права. На мерките се спротивставуваат левичарските политички партии, синдикатите и општествените организации. Предлогот, кој првично беше изедначен (36-36) во Сенатот, беше прелиминарно усвоен откако претседателот на Претставничкиот дом, потпретседателката Викторија Виљаруел го даде одлучувачкиот глас.

„За оние Аргентинци кои страдаат, кои чекаат, кои не сакаат да ги видат нивните деца како ја напуштаат земјата, мојот глас е потврден“, рече потпретседателот и лидер на Сенатот Виљаруел.

Законот мора да помине и во Долниот дом за да биде усвоен.

Во пресрет на усвојувањето на законот во Сенатот, демонстрантите скандираа: „Земјата не се продава, земјата се брани“, додека на еден транспарент пишуваше: „Како може шефот на државата да ја мрази земјата“.

Судирите избија претходно во текот на денот, кога демонстрантите се обидоа да го пробијат патот кон Конгресот преку огради, фрлајќи камења кон полицајците.

Набљудувачите и опозициските пратеници рекоа дека десетици демонстранти и неколку пратеници морале да побараат лекарска помош. Најмалку пет пратеници од опозицијата се хоспитализирани, изјави пратеничката Сесилија Моро. Најмалку 20 полицајци се исто така повредени, соопштија официјални лица. Безбедносните сили соопштија дека уапсиле 15 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес