Османи: Во Скопје е надминат „кор-сокакот”, Советот за регионална соработка со нов Генерален секретар

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одржа тематска прес конференција посветена на нашето претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на која информираше за постигнат уште еден голем успех на меѓународен план.

“Го заокружуваме нашето едногодишно претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, најстарата регионална иницијатива која под капата на нашето претседавање денеска преку Комитетот на политичките директори, постигна консензус и го номинира кандидатот на Сараево, Амер Капетановиќ за нов Генерален секретар на Советот за регионална соработка како извршно тело на Процесот. Со гордост можам да кажам дека со овој чин е зачувана стабилноста, континунитет и функционалноста на Советот, за со тоа и на целиот Процес. Уште еден успех за Република Северна Македонија после претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата земја, уште еднаш, ја потврди својата позиција на меѓународната сцена”, нагласи Османи.

Воедно, Османи најави дека утре ќе се одржат финалните активности во рамките на нашето претседавање со ПСЈИЕ, односно Состанокот на ниво на министри за надворешни работи, како и на Самитот на шефови на учесниците во Процесот. Посочи дека со оглед на геополитичкиот контекст во кој се наоѓа регионот и неговата историја на нестабилност и тензии кои може лесно да се злоупотребат од надворешни актери, темата за овогодинешниот состанок е ‘Зајакнување на регионалната безбедносна инфраструктура загрозена од актуелните предизвици – Како да продолжиме понатаму?”.

Исто така најави дека во моментот интензивно се работи на усогласување на текстот на финалната Заедничка декларација, со која ќе се потврдат споделените заложби за постигнување на компромиси и прифатливи решенија кои сите заедно ќе не’ водат кон помирување, дијалог, надминување на оставината од минатото, економски развој и забрзано членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше