(ВИДЕО) Американски професори се избодени со нож во Кина

Од:

Четворица американски универзитетски професори се во болница откако непознат напаѓач ги избодел во јавен парк во Кина, јавува Би-Би-Си. Тие се повредени за време на дневна посета на парк во провинцијата Џилин во северна Кина. Инцидентот се случил кога групата посетила локален храм и била нападната од маж со нож, соопшти нивниот колеџ во Ајова.

Пратставникот од Ајова, Адам Забнер, рече дека неговиот брат Дејвид е еден од четворицата повредени во инцидентот, кој тој го опиша како прободување.

Забнер рече дека неговиот брат бил прободен со нож во раката во паркот и се опоравува во болница.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека Министерството за надворешни работи е запознаено со инцидентот, но дека засега немаат дополнителни информации.

Во меѓувреме, кинеските власти не реагираа на инцидентот, а социјалните мрежи беа преплавени со слики од страшниот напад. На нив се гледаат најмалку три лица кои крварат и лежат на земја.

Како што пишува Би-Би-Си, инцидентот брзо бил цензуриран на кинескиот интернет, а пребарувањето за клучните поими не дало резултати и покрај тоа што сето тоа завршило во тренд на кинеската социјална платформа Веибо.

Инцидентот се случи во екот на тензичните дипломатски односи, а оваа академска размена на студенти и научници е резултат на обидот да се смират тензичните дипломатски односи меѓу Пекинг и Вашингтон.

Кинескиот претседател Си Џинпинг објави план да покани 50.000 млади Американци во Кина во следните 5 години. Во исто време, американскиот Стејт департмент издаде советодавно предупредување до Американците кои патуваат во Кина, што се верува дека обесхрабрило многу студенти.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија