Комшиќ предупредува: Декларацијата на Сесрпскиот собор ги дефинира целите и платформата за нов конфликт

Од:

Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, вели дека Сесрпскиот собор има дефинирано цели и политичко-верска платформа која е подготвка за нов конфликт.

„Декларацијата претставува подобрена и поприлагодена, во согласност со актуелната геополитичка ситуација, политичко-верска платформа која треба да послужи како основа за соединување и подготовка за нов конфликт“, предупреди тој.

Комшиќ смета дека со оваа декларација „се дефинираат целите“, како и начинот на подготовката.

„Постојат особено агресивни одредби поврзани со Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Секое потценување на оваа платформа е крајно опасно. На ист начин, значењето на Меморандумот САНУ беше потценето и сите знаеме до што доведе тој

Комшиќ посочува дека креаторите на декларацијата се подготвени да чекаат со години, додека некои нови геополитички околности не им овозможат да започнат насилно спроведување на проектот, кој датира од ерата на Илија Гарашанин, проектот за Голема Србија.

Би можело да ве интересира

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ

Комшиќ: Ако Додик не го спречат странците, ние ќе го спречиме

Жељко Комшиќ во самоизолација поради страв од коронавирусот

Aleksandar Petrovski