Премиера на „Хамлет во пикантен сос“ на Театар комедија – Скопје

Од:

Театар комедија – Скопје вечер ќе ја изведе претставата „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај, во режија на Александра Кардалевска. Премиерната изведба на „Хамлет во пикантен сос“ беше на Охридско лето.

Главни двигатели на дејството се готвачот и готвачката во замокот во Елсинор. Застапени се и ликовите од благородништвото кои се појавуваат во кујната, како Хамлет, Офелија, кралицата, Лаерт, Хорацио, Полониј.

hamletSos

Во претставата играат Јелена Жугиќ, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Ердоан Максут, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино и Илија Илиоски. Дебитираат сценографот Стефан Спировски и костимографот Маја Димовска, а композитор е Оливер Јосифовски.

Театар комедија-Скопје работи околу три години и ги користи просториите на Драмскиот театар. Од следниот месец почнуваат да ја подготвуваат третата претстава, одобрена од Министерството за култура, во режија на Синиша Ефтимов.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање