Европскиот парламент оди надесно: Десницата со значителни разултати на европските избори

Од:

Екстремната десница постигнува значителни резултати во Германија и во Австрија на изборите во Европскиот парламент, со што ѝ се придружуваат на Холандија покажувајќи дека се случува очекуваната промена надесно во Европскиот парламент, пишуваат светските медиуми.

Се прогнозираше дека и повеќе мејнстрим конзервативци ќе поминат добро на европските избори, со раните проценки за двете групи во согласност со очекуваната поширока промена во Европскиот парламент, кој опфаќа блок од 450 милиони граѓани.

Новиот Европски парламент веројатно ќе биде „поладен“ во однос на политиките за справување со климатските промени додека ќе ги поддржува мерките за ограничување на имиграцијата во ЕУ.

Парламентот, исто така, би можел да биде пофрагментиран, јавува Ројтерс, што би го направило усвојувањето на која било мерка посложено и побавно, бидејќи ЕУ се соочува со предизвици, како на пример Русија и зголеменото индустриско ривалство од Кина и САД.

Раните излезни анкети покажуваат дека партиите групирани во централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП) се предвидува да останат најголемиот блок во пет земји, вклучувајќи ги и Грција и Кипар.

Тоа би ја ставило кандидатката на ЕПП за шеф на Европската комисија, актуелната претседателка Урсула фон дер Лајен од Германија, во позиција за втор мандат.

„Гласачките места се сè уште отворени во неколку земји-членки, но тоа го прави трендот што го поставуваме уште подобредојден“, рече таа.

Во Германија, коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега – 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови.

Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави германската новинска агенција ДПА.

Би можело да ве интересира

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on