Низ Израел се одржаа демонстрации со барање израелската влада да ги ослободи сите заложници кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, а израелските медиуми објавија дека полицијата во Тел Авив уапсила 33 лица.
Полицијата во Тел Авив мораше да ги растера демонстрантите со водени топови, а помирни протести се одржаа и во Ерусалим, Цезареја и Херцлија, пишува Тајмс оф Израел.
Неколку часа откако армијата објави дека четворица заложници се спасени живи во централниот дел на Појасот Газа, демонстрантите во Тел Авив и ширум земјата побараа нови избори и враќање на сите заложници од Појасот Газа.