ОЈО: Тројца насилници со мачета и метална палка им се заканувале на две лица

Од:

Основното јавно обвинителство од Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело насилство.

„На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата “Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи. Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Насилници со метални предмети истепале малолетници кои биле на екскурзија во Сарај

Горан Наумовски

Група насилници од Чаир со нож раниле малолетник

Неколку малолетници дивееле и се заканувале во центарот на Скопје

Четворица насилници истепале вработен во Градски паркинг