Приведен косовски државјанин – дал поткуп за Турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми

Од:

Приведен 42 годишен косовски државјанин  на граничен премин, сакал да даде поткуп за 25 годишен турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми од земјата.

„На 06.06.2024 околу 16.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.“ велат од МВР.

При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.

Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.  К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Докторка-офтамолог од Битола за операција барала мито од 100 евра

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Единаесет уапсени, од кои седум се полицајци, осомничени се за примање и давање поткуп

Горан Наумовски

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини