Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

Од:

На Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници вчера попладнето го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Како што информираат денеска од МВР, при пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.

Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север. К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Би можело да ве интересира

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски