Автомобил удри во пешак кај средното училиште ПТТ

Од:

Автомобил Опел со скопски таблички удрил пешак во близина на средното ПТТ училиште во Скопје.

Од полицијата засега немаат информации дали повредениот е ученик во училиштето, јавува Канал 5.

Сообраќајната незгода се случила денеска околу 18:45 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада. Опелот со скопски таблички удрил во пешакот кој бил на коловозот.

Повредениот веднаш е префрлен во градската болница за да му се укаже помош. Полицијата го обезбедува местото на несреќата и врши увид за да се откријат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски