Италијанската парламентарна партија M5S започна протест со цел да ја прошири борбата против дискриминаторските закони кон ЛГБТ заедницата.
Начинот на кој го привлекоа вниманието во парламентот, стана интересен и надвор од салата. Тие во еден момент се свртија еден кон друг за да покажат дека нема ништо страшно во истополовиот бакнеж.
Протестот на парламентарците се случи поради тоа што двојките од ист пол во Италија се уште немаат заеднички права на сопственост, социјална сигурност и право на наследство. Тие исто така немаат право да стапат во брак. Во обраќањето, Силвија Џордано од Домот на пратениците кажа:
-Да ги ставиме настрана илјадниците оправдувања зашто ова право не постои. Ние тука зборуваме за прашања на срцето, за чувства, за емоции. Затоа што ниту еден бакнеж или прегратка ниту повредиле, ниту можат да повредат некого. Всушност тоа се работите кои не прават луѓе, и тоа веќе треба да стане јасно. Сакаме да ја тргнеме завесата и да покажеме дека зад неа нема ништо од што треба да се плашиме. И ние, господине претседателе, не се плашиме од тоа, рече Силвија Џордано.