ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Од:

Државјанин на Македонија бил приведен поради обид за криумчарење на 21 килограм амфетамин во Бугарија, соопштија од Обвинителството во Софија.

На 41-годишниот маж ми се заканува казна од 10 до 20 години и парична казна од 100 до 200 илјади лева, соопштиле од тамошниот Окружен суд, пренесуваат од агенцијата „БТА“.

Македонскиот државјанин бил приведен пред два дена во реонот на бугарскиот граничен премин Гуешево. Дрогата била пронајдена во возило марка „мерцедес бенц“ со скопски регистарски таблички. Во моторниот простор на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња бела кристална материја која при теренското тестирање реагирала на амфетамин. Нејзината вкупна тежина е 21 килограм.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски