Ковчези оставени пред Ајфеловата кула со натпис „француски војници од Украина“

Од:

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се откриени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде три лица се приведени, полицијата истражува „можно странско мешање“, пренесува агенцијата Франс прес.

Tри лица утринава ги поставиле ковчезите во природна големина до Ајфеловата кула. Тие биле покриени со француско знаме и со натпис „француски војници од Украина“, а внатре имало гипс.

Приведен е возачот на комбето кое ги превезувало ковчезите.

Тој на полицијата ѝ рекол дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој пристигнал од Бугарија ден претходно.

Уште две лица се приведени на железничката станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори за Франс Прес.

Приведени се бугарски, украински и германски државјани, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можното странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и изјави дека тие сe уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.

Би можело да ве интересира

Путин ги намалува бенефициите за ранетите во војната

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

Трагедија во Франција: Двајца војници загинаа во судир на два авиони

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ