Црна Гора забранува српски сокови

Од:

Сокови на одредени српски произведувачи наскоро може да наидат на блокади на рампите кон Црна Гора, бидејќи содржината на декларациите не е точна.

Црна Гора ги предупреди произведувачите да ги усогласат декларациите со содржната, но доколку тоа не го направат наредни 15 дена не ја исклучуваат можност за привремена забрана на увозот.

Министерот за стопанство, Предраг Ивановиќ изјави дека анализата за квалитет на соковите покажа дека одредени произведувачи ги доведуваат во заблуда потрошувачите, бидејќи содржината не одговара на декларацијата.

Тој истакна дека е утврдено дека на домашниот пазар се продаваат неконкурентските производи, па затоа они што имаат квалитет се соочуваат со нелојалната конкуренција.
-Овошните сокови ја немаат содржината на природни сокови кои што се истакнати на декларацијата. Тоа го докажа истражувањето на лабораторијата во Берлин, но и на Центарот за екотоксиколошки истражувања. Анализите покажаа дека на пример соковите од праска и јаболко кои што ги произведува „Таково“ немаат природно овошје, во содржина од 50 проценти, слично е и со останатите произведувачи-истакна министерот.

Но, тој додаде дека ваквите сокови не се опасни по здравје, па затоа не може да се донесе одлука за нивно повлекување од пазарот.

-Сепак денес испративме писмо-предупредување до сите и им дадовме рок од 15 дена да одлучат дали ќе пакуваат сокови кои што одговараат на она што е напишано на декларацијата, или ќе ги запознаат потрошувачите со вистинската количина на природното овошје. Доколку не ја почитуваат нашата препорака, не ја исклучуваме можноста привремено да го забраниме увозот-наведе Ивановиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски