Ќе се тестира гасоводот, ограничено движење на Водно

Од:

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата “Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:

– на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;

– на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и

– на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.

– Во известувањето до ЦУК, “Рапид Билд” известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен, велат од ЦУК.

– Пристапот на Водно не е забранет, но да се внимава на зоните кои се обележани со знаци за предупредување кои се поставени на планинарските патеки со дополнително врзани обележувачки ленти преку патеките. На патеките кои минуваат преку зоните на испитување фирмата треба да постави и лица за известување и предупредување, дополнува Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно