Екстремисти соборија хеликоптер на ирачките ВВС по што почна антитерористичка акција во провинцијата Дијала, на североисток од Багдад, јавија локални медиуми.
Во провинцијата пристигна и командантот на копнените сили Али Гајдан и командантот на авијацијата Хамид Атија ал Малики. Според медиумите, во специјалната операција учествуваат и полициски сили. Приведени се десетина муџахедини. Засега нема податоци за каков вид на хеликоптер станува збор ниту потврда за број на жртви.
Антитерористичката акција се води по иницијатива на силите за безбедност во соседните региони на Багдад поради зачестените напади врз цивили. Во изминатите неколку дена десетици луѓе беа жртви на терористички напади. Само во саботата беа убиени 73 луѓе.