Наредено вештачење на трагите, Обвинителството изврши увид на местото на пукањето на „Пластичарска“

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта извршиле увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше убиено едно лице, а две беа повредени.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, издадени се наредби за вештачење на трагите прибирани од местото, а се преземаат и други дејствија.

Од Министерството за внатрешни работи инфрмираа дека работат на откривање на сторителите. Оттаму соопштија дека синоќа околу 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ имало пукање, а во 23:45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

– Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, соопшти МВР

Би можело да ве интересира

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски