Синоќа се случи голем инцидент во центарот на Берлин.
Вечерта пред финалето на Евролигата во Берлин се судрија навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос.
Според известувањето на грчките медиуми, како последица на овој инцидент биле пријавени 12 повредени, од кои двајца потешко, додека еден е во критична состојба, пренесува Basketnews.
Овој инцидент и германската полиција тешко го спречи, во тепачката учествувале околу 60 лица, според полицискиот извештај, дел од нив користеле бејзбол палки и шипки.
Tο video του SPORT24 από το σημείο της άγριας συμπλοκής μεταξύ οπαδών του Ολυμπιακού και του Παναθηναϊκού. pic.twitter.com/UQmZta0wN6
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2024
Работите да бидат уште полоши за организаторите, се очекува денеска во Берлин да пристигнат уште 5.000 навивачи на Панатинаикос.
Од 17:00 часот на програмата е натпреварот за третото место меѓу Олимпијакос и Фенербахче. Финалето на фајнл-форот е закажано за 20 часот и во него ќе се сретнат Панатинаикос и Реал Мадрид.