Обука за камени градби во Стоби

Од:

Педесетина конзерватори од Македонија денеска учествуваа на обуката „Консолидација на камен и камени градби“ што се одржа во работните простории на археолошкиот локалитет Стоби. Беа презентирани најсовремени материјали во оваа област, а предавач беше Леонардо Борџоли, конзерватор-хемичар од Фиренца.

Директорите на конзерваторските центри и музеи од Република Македонија дискустираа со стручни лица од Италија за можностите за имплементација на современата опрема во Македонија. На обуката присуствуваа и претставници од Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Во рамки на оваа обука, Конзерваторскиот центар од Скопје организираше работилница на тема „Методологија на конзерваторско-реставраторска постапка за непосредна заштита на движните и недвижните културни добра“. Предавач беше Латив Озел конзерватор-хемичар од Музејот на анатолски цивилизации од Анкара.

Организатори на обуката се АКАДЕМИЈА РЕСТАУРО, специјализирана компанија во областа на конзервацијата и реставрацијата, ЦТС – најголем производител на конзерваторско-реставраторска опрема во Европа, Конзерваторскиот центар од Скопје, Управата за заштита на културното наследство и Археолошкиот локалитет Стоби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Светот ќе го види Стоби во полн сјај по реставрацијата

Ана Ололовска

Американски грант за конзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Емир Латифовиќ

Отворена сувенирница во археолошкиот локалитет Стоби

Емир Латифовиќ