ВИДЕО: Десет илјади луѓе се собраа во Кумровец за Денот на младоста и Тито

Од:

Традиционалната манифестација во Хрватска „Ден на младоста – на радоста“ со која беа одбележани 132 години од раѓањето на Јосип Броз Тито, денеска во Кумровец собра околу десет илјади посетители.

Организатори на настанот, кој се одржува под слоганот „Во младоста е радоста – во радоста е младоста“, се Сојузот на здруженијата „Јосип Броз Тито“ од Хрватска, Крапинско-загорската жупанија и општина Кумровец, а програмата започна со положување венци и палење свеќи пред споменикот на Јосип Броз Тито.

На настанот присуствуваше и поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.

Претседателот на Здружението на друштвата „Јосип Броз Тито“, Јован Вејновиќ, им се заблагодари на насобраните што дојдоа во Кумровец за да „искажат најголема почит кон човекот кој е роден во овие ридови“.

„Дури и од денешна перспектива, или особено од денешна перспектива, ни треба повеќе од кога било, поради она за што се залагаше, што создаде и што ни остави. Му ги должиме сите придобивки што ги уживавме под негово водство“, изјави Вејновиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Две понуди за обнова на бродот на Тито „Галеб“

Триесет и осум години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска