Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува исклучиво со легитимните лидери во Киев.
На прес-конференција во Белорусија, Путин нагласи дека преговорите мора да ја одразуваат „реалноста на теренот“, пренесува Ројтерс.
Русија го доведува во прашање легитимитетот на владата во Киев и претседателската позиција на Володимир Зеленски, откако Украина објави дека нема да одржи избори оваа година поради војната со Русија.
Зеленски го доби претседателскиот мандат во 2019 година кога го победи поранешниот претседател Петр Порошенко, а следните избори требаше да се одржат во март или април оваа година.