Двајца цивили загинаа синоќа во украински ракетен напад врз областа Симферопол на Крим, изјави лидерот на Крим Сергеј Аксјонов.
Тој на Телеграм напиша дека во нападот била погодена и комерцијална зграда во близина на градот Алушта, која била празна во моментот на нападот, пренесе ТАСС.
Алушта се наоѓа на околу 46 километри јужно од главниот град на Крим, Симферопол.