Во свлечиштето што го погоди селото Каокалам на северот на Папуа Нова Гвинеја, загинаа околу 100 луѓе, соопшти денеска Австралиската радиодифузна корпорација (АБЦ). На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како мештаните се качуваат над огромен куп камења и земја и ја проценуваат штетата.
АБЦ јавува дека свлечиштето се случило околу 3 часот по полноќ и дека спасувачките служби и локалните жители извлекуваат тела. Ројтерс не може независно да го потврди бројот на загинати.
„Изгледа дека се затрупани повеќе од 100 куќи. Не знаеме колку луѓе имало во нив во моментот“, изјави за AFP Винсент Пјати, претседател на локалната Асоцијација за развој на заедницата.